fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Штрајк во АД „Водостопанство“ ако не се исплатат заостанатите плати

Покрај неисплатените плати, дополнуваат, работниците се соочуваат и со други организациски проблеми

Работниците во АД „Водостопанство“ се два месеца без плата, а од 1. месецов немаат ниту здравствено осигурување. Доколку нема исплата револтот наскоро може да премине во штрајк, кој ќе значи и проблем со водоснабдувањето на земјоделските површини и посевите, особено во овој период кога е најпотребно, информирале денеска од АГРО Синдикатот и Синдикалната подружница на АГРО Синдикатот при АД Водостопанство на средба во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

– Работниците се принудени наместо да ја извршуваат својата работа, да се борат за својата егзистенција и во наредниот период не е исклучена можноста да се донесе Одлука за почнување на  постапка за спроведување на штрајк во АД Водостопанство, а пред спроведување на процедурите за организирање на штрајкот не е исклучен ниту друг притисок на изразување на работничко незадоволство, наведоа во заедничко соопштение АГРО Синдикатот и ССМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close