fbpx
Вести

Шверц на земјоделски производи од Грција?!

Увозни грчки домати и краставици го преплавија домашниот пазар и ги урнаа цените на домашните раноградинарски производи. Македонските производителите на раноградинарски производи тврдат дека се шверцуваат грчки домати и краставици, кои на домашниот пазар се продаваат по поевтини цени.

shverc na zemjodelski proizvodi od grcija

 

„Имаме сознанија дека во изминатиов период фирмите увозници во документацијата за извоз приложуваат увоз на портокали за кои трошоците за увоз се многу пониски, споредбено со трошоците за увоз на домати и краставици. Како такви тие пристигаат на пазарот кај нас со многу пониски цени на кои ние како домашни производители не можеме да бидеме конкурентни“, велат од оранжеријата  „Зелена Куќа”.

Според информациите од производителите, денеска на Кванташкиот пазар во Солун цената на краставиците е 0,90 евро центи. Со сите давачки за царина и транспорт, без заработка за увозникот, кај нас цената треба да е 85 до 90 денари. Но, на Кванташкиот пазар во Скопје краставиците се нудат по цена од 70 до 75 денари за килограм, што според производителите е доказ дека има шверц.

Заменик –министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски изјави дека нема информација за таков проблем.

„Доколку констатираме било што од овие информации, ја уверуваме јавноста и сите производители на раноградинарски производи дека спорните производи ќе бидат одземени и ќе бидат уништени или вратени во земјата од каде што се увезени”, рече Ванчо Костадиновски-заменик министер за земјоделство.

Од Царинската управа велат дека немаат сознанија за шверц, но оти информацијата ќе биде истражена.

„Во овој период, имајќи ja предвид висината на давачките за оваа стока, пратките со раноградинарски производи се предмет на зајакнати царински контроли“, посочуваат од Царинската управа.

Според податоците од царината, од почетокот на годинава до викендов од Грција се увезени 173 илјади килограми домати и над 592 илјади килограми краставици.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close