fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Синани-Житото што се увезува е за 10 денари поскапо од домашното

Кај нас е по 19 денари, а јас имам информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стоковни резерви, вели Синани.

На сметка на домашното жито, од странство се увезува и за десет денари поскапо жито по килограм.

„Ние уште лани и во годините пред тоа побаравме откупот на пченица за стоковните резерви да почне од денот кога почнува жетвата во Македонија и да се откупи од нашите производители, а не од странство. Кај нас е по 19 денари, а јас имам информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стоковни резерви. И сега, Директоријатот за стоковни резерви ќе почне да дава на млинарите за една ептен ниска цена и тогаш ќе падне и цената за нашата држава. Бараме помош од Министерството за земјоделство, а тоа значи да се забрани увоз на пченица и да може да се откупи нашата пченица“ вели Мемет Синани, член на Управниот одбор на Националната федерација на фармери.

https://www.sinpeks-shop.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close