вестиТоп вести

Систем за чистење на океаните од пластика на Бојан Слат почна да работи во Тихиот Океан

Во 2018 година 18-годишниот холандски пронаоѓач Бојан Слат ја основал групата „Чистење на океаните“ во неговиот роден град во Холандија за да развие систем за чистење на големиот куп отпад во Пацификот. Отпадот е огромна концентрација на ѓубре во северно-централниот дел на Тихиот Океан што е двојно поголем од Тексас.

Сега, шест години подоцна, плодот од оваа мултидисциплинарна работа почнува да се гледа.

Големиот пацифички отпад некогаш се нарекува и остров направен од ѓубре што плови во средината на Тихиот Океан, но дали е тоа точно? Иако технички не е цврст остров, на прв поглед изгледа така.

Но, пластиката е насекаде, формирајќи масивни полиња од остатоците. Просечната концентрација на големиот отпад е околу 60 килограми на квадратен километар.

Во 2013 година „Чистење на океаните“ го создаде уредот во форма на буквата „U“, кој пасивно собира пластика како огромна џиновска рака. На почеток, системот имаше неколку недостатоци, што предизвикувале пластиката да се истури назад во океанот, па биле потребни подобрувања.

Но, во октомври оваа година групата објави дека уредот конечно фаќа и задржува пластика. И првпат дел од ѓубрето беше вратено на брегот. Групата собра 60 торби пластични остатоци во пристаништето Ванкувер.

„Чистење на океанот“ има намера да ја рециклира пластиката и да ја претвори во некаков вид производ. Каков производ, допрва треба да се објави, но Слат изјави дека тимот се надева дека ќе почне со продажба до септември 2020 година.

Тимот објаснува дека никогаш нема да можеме да го отстраниме секое парче пластика од океаните. Сепак, тие се позитивни дека може да се исчистат барем 50 отсто од големиот пацифички отпад на секои пет години.

Активното собирање пластика со пловни објекти и мрежи ќе биде скапо и ќе биде потребно време, како и работници, а би било и штетно за морскиот живот.

– Нашата технологија ги користи струите на океанот за да се движи низ големиот отпад, патувајќи така што ја следи пластиката во зоната на акумулација, иако малку побавно. Разликата во брзината е она што го прави возможно концентрирањето на пластиката.

извор: факултети

Слични написи

Back to top button
Close