fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ситнолисниот ориентален тутун не смее и не може да биде под 600 денари за кг

Националната земјоделска мрежа пред откупот на тутунот бара средба со надлежните институции и откупувачите

 

Почитувани тутунопроизводители

Се ближи денот за законски почеток на откуп на тутунот, од страна на откупните фирми потполн молк околу редефинирање на откупните цени.  Националната земјоделска мрежа излезе со јавно искажан став дека овогодошната просечна цена на ситнолисниот ориентален тутун не смее и не може да биде под 600 денари з акилограм.  Во прилог на ова наше мислење се следните аргументи:

-Поради екстремните временски услови родот е повеќе од половина преполовен по количина, но затоа со одличен квалитет трошоците за производство двојно зголемени, двоцифрена инфлација, енормен раст на основните животни трошоци.

Во соседна Србија крупнолисниот тутун од типот Вирџинија се откупува по цена од 300 мкд. Ситуацијата со производство на ситнолисен тутун ова година е далеку од добра. Имаме драстичен пад на производството на ситнолисен тутун во Турција, Бугарија, Албанија и други држави истовремено побарувачката е неколкупати зголемена.

Сето ова оди во прилог на тутунопроизводителите!

Згора на сето тоа пред некој ден Управата за јавни приходи излезе со информации дека највисок личен доход во државата во фискалната 2022 год. остварило лице кое остварува прожажба на тутун на големо и тоа со над 170 000 евра месечен личен доход. Сето тоа упатува на тоа дека нашите барања и ставови се оправдани и издржани. Поради комплексноста на целата ова ситуација Националната земјоделскска мрежа во соработка со независните тутински здруженија ќе организира работна средба со тутунопроизводителите на која средба ќе се утврди заеднички став на сите нас како тутунопроизводители околу цената на овогодишниот род на тутун и ќе бараме директна средба со откупувачите под медијаторство на Владата, односно ресорното министерство како еден од трите социоекономски партнери според законот за тутун. Како Национална земјоделска мрежа повторно укажуваме дека тутунот како стратешка и социоекономска култура може и мора да се вреднува реално и дека решително ќе се спротиставиме на сите обиди за грабеж и манипулација на тутунопрлизводителите.

Националната земјоделска мрежа-претседател Ѓорги Каракашев

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close