fbpx
ВестиСовети

СИВАТА ПЕГАВОСТ – НАЈШТЕТНАТА И НАЈРАСПРОСТРАНЕТАТА БОЛЕСТ НА ОРЕВОТ – КАКО ДА ЈА СПРЕЧИТЕ?

Симптомите на оваа болест може да се манифестираат на сите зелени делови: од стеблото, на плодовите, листовите, пупките, фиданките итн. Најкарактеристични се симптомите на лисјата, но и на плодовите, во вид на црни, а често и кафеави (смеѓи) пеги. Во средината, овие пеги имаат сивкаста боја.

Една од најраспространетите и најштетни болести на оревот, во светот и кај нас е сивата пегавост (антракноза) на оревот (лат. Gnomonia leptostyla). Големи штети настануваат во годините со врнежливи пролет и лето, каква што е состојбата и ова лето 2018, особено во месец јули. За време на силната инфекција, може да пропаднат повеќе од 80% од плодовите. Како последица на заразата, доаѓа до пропаѓање и паѓање на лисјата, поради што доаѓа до недоволно созревање и замрзнување на оревот во текот на зимата. Дури и габите можат да предизвикаат слаб пораст на садниците во расадниците и нивно замрзнување во текот на зимата.

Така, во текот на топлите и влажни години стеблото на оревот во континенталните подрачја се напаѓа од две најчести патолошки пореметувања: сива пегавост или антракноза (Gnomonia leptostyla) и бактериска палеж (Xanthomonas campestris pv. juglandis). Во време на опаѓање на лисјата можно е да се преземат мерки на растителна хигиена или насочено хемиско сузбивање на пошироко подрачје за да се намали нападот од нив.

 

Симптоми на сивата пегавост

За време на врнежливиот период патогенот се шири. Бројот на пеги во текот на вегетацијата се зголемува, а листот се суши. Поради силната појава на болеста, лисјата паѓаат во текот на летото, а крошните кај чувствителните сорти се соголуваат уште во август. Најчести симптоми кои се појавуваат кај младите растенија се пегите со тркалезни или неправилни аглести форми. Пегите настануваат и на плодовите, во тие рамки што надворешниот и средишниот дел поцрнуваат, изумираат, се јавуваат деформации, како и пукнатини во изумреното ткиво. Рано заразените плодови паѓаат. Заразените плодови кои достигнале нормална големина паѓаат, но во нивната внатрешност настанува јадро кое поцрнува и има горчлив вкус (честа појава во екстензивно и интензивно производство на ореви).

Патогено ширење

Патогенот, интензивно се појавува ако во текот на мај, времето е врнежливо. Се развива во температурен интервал од 5 до 30 °C (оптимална температура 18°C). Оптимална температура, пак за развој на инфекцијата е 21°C, а за да дојде до неа, потребно е листот, непрекинато да биде воден 6 часа. После паѓањето, листот се разнесува со ветерот, стигнува до младите лисја и предизвикува почетна инфекција.

Патогенот може да презими кај заразените фиданки во расадниците, а оттаму се шири на младите лисја. После паѓањето на лисјата, започнува сапрофитската фаза, со што се завршува циклусот на развој на габичките.

 

Габичката Gnomonia leptostyla формира во презимувачките заболени органи на оревот (лисјето, плодовите) посебни затворени и заштитени плодишта, отпорни на ниски температури. Од нив во текот на пролетните месеци се ослободуваат инфективни спори за првите или примарните зарази. Ослободувањето на т.н „зимски спори“ трае за време на потоплите пролетни доджовни денови, во текот на април и првата половина на мај.

Мерки на заштита

Што се однесува на мерките на заштита, значајни превентивни мерки се собирање и спалување на паднатите лисја, како и нивно заорување. Таквите мерки не се доволни, затоа што патогенот се задржува и на фиданките, така што потребно е со режење да се отстранат заразените делови. Одгледувањето на отпорни сорти, исто така е добра мерка на заштита, а такви се Elit, Hartley и други.

Хемиското сузбивање со лековито делување и користење на соодветни препарати, исто така е значајно.

Најефикасна хемиска заштитна мерка се постигнува на тој начин што, прво се врши заштита со контактен фунгицид на база на каптан, а после 5-7 дена со системски фунгицид на база на манкозеб (Dithan, Star WP, Ridomil Gold и сл.)

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close