fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

На повидок голем проблем за земјоделците-Нема регистарски таблички за тракторите од Програмата за Рурален развој, па земјоделците не ќе можат да си повратат парите

Зелена берза побара одговори од МВР и Платежната агенција, да кажат како ќе го надминат проблемот

На повидок голем проблем за земјоделците – Нема регистарски таблички за тракторите земени преку Програмата за Рурален развој за набавка на нови трактори, па земјоделците се соочуваат со неправда да не можат да си повратат парите.

Земјоделци од Прилепско обвинуваат дека од Програмата за Рурален развој од 2018 година аплицирале за трактор и го добиле, го исплатиле, но сега не ќе можат да си ги повратат средствата бидејќи нема регистерски таблички во Прилеп, а рокот за регистрација им истекува до 30 јуни годинава.

-Аплициравме по Програмата од 2018 година, добивте трактор, добивме решение од Платежната агенција, значи тракторот го зедовме, а не можеме да го регистрираме. На Технички преглед ни велат нема регистерски таблички, а нас рокот за регистрација ни завршува на 30 јуни, каде е проблемот не знаеме, ама нас земјоделците што зедовме трактори ни се отвора голем проблем. Ако не го регистрираме целиот товар за исплата на тракторот  паѓа на наш грб. Повратот на парите важи само за регистриран трактор, вели земјоделец од Ново Коњари.

Земјоделците бараат или МВР да ја забрза постапката и да им достави таблички за регистрација или Платежната агенција да го пролонгира рокот за доставување на документите со регистриран трактор, се додека не се надмине проблемот.

-Ако не е регистриран трактор јас не ќе можам да си ги вратам парите. Тоа е јасно. Платив 10 илјади евра за тракторот, ако се биде во ред треба да ми вратат 75 проценти од сумата што ја платив, ако не џабе е се. Затоа бараме Платежната агенција да го увиди проблемот и да го пролонгира рокот се додека не стасаат новите регистарски таблички да ја направиме регистрацијата. Значи ако не се среди проблемот исто како да сум го купил сам тракторот се ќе биде попусто, вели револтиран нашиот земјоделец.

Зелена берза се обиде да контактира со Платежната агенција и МВР и чека одговори кои ќе бидат јавно објавени.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close