Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Слаб земјотрес утрово во Скопје
Епицентарот бил на 8 километри северно од Скопје, односно на границата со Србија.
Рано утрово, десет минути пред 6 часот, е почувствуван послаб земјотрес на територијата на главниот град.
Информациите се дека потресот бил регистриран во Скопје во 5:49 часот. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот имал магнитуда од 2,1 степени, а епицентарот бил на 8 километри северно од Скопје, односно на границата со Србија.
Потресот бил на длабочина од осум километри. Засега нема информации за можни штети.