Слабо се осигурува од елементарни непогоди

(Oвој напис е објавен на: March 5, 2019)

Се уште е мал интересот кај граѓаните за осигурување од елементарни непогоди. Иако земјава во последните неколку години беше погодена од поплави и земјотреси, мал е растот на ваквите полиси. За поплави забележан е раст од 11,59, а за земјотрес од 0,5 отсто.

Земјоделците, пак, стануваат посвесни дека посевите мораат да ги осигуруваат, наместо да чекаат на државата да им ги плати штетите по евентулани непогоди. Бројот на земјоделски полиси е зголемен за 66 отсто.

– Сфатија дека најдобар инструмент за нив, како да се справат со потенцијалните финансиски загуби од неповолните климатски услови е сепак да купуваат полиси за земјоделско осигурување, рече Попоски.

Само 5 банки во моментов при давањето кредит нудат и кредитно животно осигурување. Осигурителите очекуваат дека оваа година и останатите банка ќе почнат да даваат вакви услуги за да ги намалат ризиците.

– Доколку банката како составен дел на кредитниот продукт им дозволи и кредитно животно осигурување, во случај на прерана смрт неисплатениот дел од кредитот ќе биде на товар на друштвото на осигурување, вели директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

Од Агенцијата посочија дека годинава ќе биде исплатена максималната премија од над 650 илјади евра на жртвите од несреќата кај Ласкарци. Инаку, осигурителниот сектор лани забележал најдобра година во последната деценија.


 

sitel

Share Button