fbpx
ВестиТоп вести

„Славик фарм“ – успешна приказна од истокот на Македонија

 

Во време кога развојот на земјоделството во државата се соочува со низа проблеми,  ретки се оние сточари што успеваат да се справат со сите предизвици што ги носи работата. Напротив постигнуваат добри резултати и имаат визија за развој и поголеми успеси.

„Славик фарм“ од с.Крупиште е една од ретките фарми во источна Македонија што успешно работи. Станува збор за  бизнис што семејството Арсови  го развива одамна. Зелена берза беше во посета на оваа фарма и се увери во успешната приказна  за „Славик фарм“.

 

Гоце Арсов е управителот на фармата кој скромно  говореше за фармата, во која сите работат без разлика кој е кој. За потребите  во фармата има вработено 4 лица, но горд е на своите синови кои иако имаат свои обврски во школото, сепак подеднакво се вклучени во процесот на работа.

„Се занимаваме со сточарство и земјоделие. Во моментов располагаме со 80 молзни крави. Добиваме 700-800 литри  млеко дневно. Има организиран откуп,млекото  го даваме во „Осоговомилк“  Соколарци. За сега е добро, плаќањето е на секои 15 дена. Тука се и субвенциите, да, добиваме, некогаш поредовно некогаш со мало закаснување , но во глобала ги земаме, вели Гоце Арсов.

 

Фармата е модерно опремена и така организирана што за стоката се применува слободен систем на одгледување.

 

Сопственото  производство на храна е од голема помош. За таа цел  обработува  40ха земјоделско земјиште.

„ Успешно може да се работи само ако се има сопствено производство на храна. Произведуваме   храна за стоката,  пченка, луцерка и јачмен. Оваа година имавме убава сезона  за земјоделието, имаме убаво производство. Ланската беше послаба“, додава Гоце.

 

Покрај земјоделско земјиште потребна му била  механизација. За да стигне до овој степен на развиеност на фармата искористил средства  преку ИПАРД Програмата. Трактор од брендот Џон Дир и останата приклучна механизација набавил преку Синпекс Битола.

Целта на „Славик фарм“ е да се зголемува производството. Како што објасни Арсов, со синовите имаат визија да изградат сопствена млекарница.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close