fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Попладне дожд, за викендот многу топло

Можна е и изолирана појава на град

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),  за време на викендот ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град.

Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Во следните неколку дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20 степени, а максималната од 24 до 38 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close