Јаболката и праските најспрскани со пестициди, зелката и карфиолот најчисти

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Основно правило до кое се придржуваат луѓето што сакаат да се хранат здраво и оние што болеста ги натерала да го променат режимот на исхрана е да се јаде многу овошје и зеленчук. Постојат цели листи со разни видови овошје и зеленчук што се сметаат за топ-продукти за здрав живот и се незаобиколни за детоксикацијата на организмот. И затоа многумина се наоѓаат во сериозна недоумица дали кога го прочистувале организмот всушност се труеле кога за истата таа храна ќе прочитаат дека е преполна со пестициди. Таков е случајот со морковите, цвеклото, целерот и другиот коренест зеленчук, како и со спанаќот и марулата. На црната листа не се само плодовите што растат во земја или ниско до неа. Наспроти добро познатата максима дека едно јаболко дневно цел живот ќе ве држи далеку од лекар, ова овошје во светски рамки важи за убедливо најиспрсканото со пестициди. Секако, нема протосор за паника, зашто не сите зеленчуци и овошја имаат премногу пестициди, односно ги задоволуваат пропишаните стандарди.

apples

Секоја година светската организација Environmental Working Group (EWG) објавува листа со овошје и зеленчук што содржат најмногу и најмалку пестициди. И веќе 50 години на врвот од листата со храна со најмногу пестициди убедливо на првото место се јаболката, бидејќи вообичаено многу се прскаат и пред и по бербата со цел што подолго да останат свежи. А втора година по ред на првото место на најчистите продукти се авокадото, кај кое пестицидите биле најдени во само еден отсто од земените мостри. Kомпирите содржат најмногу пестициди во споредба со својата тежина. Надвор од сезоната кај просечната пиперка бабура биле најдени 15 различни пестициди, а шери доматчињата, нектарините, праските, грашокот и јаболката во просек содржат околу 13 различни вида пестициди, утврдила асоцијацијата EWG. Од нејзината листа може да се заклучи дека најсигурна е храната што успева во тропските краишта и која не може да се произведува во пластеници во други климатски услови.

jabolkata i praskite najsprskani so pesticidi zelkata i karfiolot najchisti

 

Нутриционистката Цвета Динева е децидна дека денот без овошје и зеленчук е ден за болест. Ја прашуваме како луѓето може да се придружуваат до ваквото правило за здрава исхрана наспроти алармантните податоци за штетните пестициди.

– Верувам дека храната што се произведува кај нас сe` уште е здрава. Сосем сигурно не е толку загадена колку таа од други делови од светот. И секако добра вест е што пестицидите се растворливи во вода и можат да бидат отстранети доколку овошјето и зеленчукот се држат потопени во вода или ако во вангла се остават да се мијат под млаз вода 10 до 15 минути. Добар ефект се постигнува ако во водата додадете сода бикарбона и оцет, комбинирално или поединечно. Во светот се продаваат апарати кои од храната што сте ја ставиле во нив ги отстрануваат пестицидите и другите штетни состојки, но поради стандардот, малкумина кај нас можат да си ги дозволат – вели Динева.

Таа како предност ја посочува лесната сварливост на овошјето и зеленчукот.

– Тоа е лесна храна, со голем процент вода, која брзо се обработува во организмот. На тој начин и пестицидите од плодовите брзо и лесно се исфрлаат од телото. Тој процес е далеку побрз отколку кога јадете животинска храна во која исто може да има пестициди или јадете процесиурана комбинирана храна како што се овошните кекси – објаснува Динева.

smokvata-zdravo-no-kalorichno-ovoshje-187533

Штетни за хормоналниот статус

Пестицидите се опасни за здравјето на човекот – некои се канцерогени, а повеќето од нив штетно влијаат на хормоналниот статус и може да бидат причина за неплодност или за деформација на фетусот. Некои се и токсични. Затоа некои пестициди, како злогласниот ДДТ, одамна се забранети во развиениот свет, но сепак, наспроти забраната, сe` уште се користат во сиромашните земји во Азија, Африка и во Јужна Америка, па сe` уште може да се најде на глобалниот пазар во одредени типови храна.

Од новата генерација најмногу се користат фунгицидите и инсектицидите од групата органофосфорни инсектициди. Инсектицидите најмногу се користат при производството на овошјето и зеленчукот, а фунгиците се користат по бербата со цел плодот што подолго да се одржи и заштити од распаѓање.

sok-od-kopriva

Вода од коприва како замена

Динева смета дека кај нас расте свесноста за значењето на здравата храна и оти за тој процес многу ќе помогнат здруженија за еко и органска храна.

– Би требало да ги примениме искуствата од Словенија. Таму земјоделците наместо пестициди користат вода со коприва. И кај нас треба да се вратиме на старите, докажани и нештетни решенија. Примената на пестицидите е од понов датум – вели Динева.