fbpx
Вести

Смртоносна бактерија коси низ Европа: Од соседните земји никако не купувајте замрзнат зеленчук

Албанија, Бугарија, БиХ, Грција, Словенија, Хрватска се земјите од регионот од кои никако не смеете да купувате замрзнат зеленук и замрзната пченка ако забележите дека имаат унгарско потекло.

Имено, Унгарска фабрика за замрзнат зеленчук и замрзната пченка дистрибуирала во 107 земји производи кои ја имаат бактеријата листериоза, но не и во Македонија, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје .

До 15 јуни годинава во Европа се пријавени се 47 случаи на епидемијата на инвазивна „Listeria monocytogenes“ од кои девет се смртоносни.

Според Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA), секвенционирањето на цел геном се користи за да се идентификува контаминираната храна, за која првично мислеле дека е замрзната пченка.

Но, истите соеви на L. monocytogenes се откриени во замрзнат зеленчук, произведен од истата унгарска компанија во 2016, 2017 и 2018 година. Ова укажува на тоа дека бактеријата опстанала и се размножува во преработувачката фабрика и покрај постапките за чистење и дезинфекција кои биле спроведени. Достапните информации ја потврдуваат контаминацијата во унгарската фабрика. Сепак, потребни се понатамошни испитувања, вклучувајќи темелно земање мостри и тестирање, за да се идентификуваат точните точки на загадување на животната средина во унгарската фабрика.

На крајот на минатиот месец  унгарската канцеларија за безбедност на синџирот на храна ја забранила продажбата на сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни производи произведени од засегнатата фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018 година, и наредила нивно итно повлекување и отповикување.

Што претставува листерозата?

Листериозата примарно предизвикува инфекции на централниот нервен систем (менингитис, менингоцефалитис, мозочен апсцес, церебритис) и бактериемија кај оние кои се имунокомпромитирани,бремени жени, новороденчиња, старци како и гастроентеритис кај здрави лица кои консумирале поголема количина во организмот.

Листеријата е сеприсутна во околината и примарно се пренесува по орален пат после внесување на контаминирани хранливи производи, после што бактеријата навлегува во цревниот тракт и предизвикува системски инфекции.

Препораките се пред да конзумирате замрзната храна убаво да ја обработите термички.


 

фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close