вести

Атина: 800 грчки фармери упаднаа во Министерството за земјоделство

Полицијата во Атина употреби солзавец за да ги растера земјоделците што протестираа против мерките за пензиско штедење, додека овие фрлаа камења по Министерството за земјоделство.

Премиерот Алексис Ципрас планира да ги зголеми придонесите за пензиите и даноците за да се справи со буџетскиот дефицит на Грција. Земјоделците од целата земја се собраа во главниот град за да го искажат своето незадоволство од новите мерки за штедење.

Околу 800 земјоделци од Крит се судрија со полицијата што го чува влезот во Министерството за земјоделство. Тие со камења ги кршеа прозорците пред полицијата да ги истурка.

atina 800 grchki farmeri upadnaa vo ministerstvoto za zemjodelstvo

 

„Земјоделците се обидоа да ја турнат полицијата пред влезот на министерството. Полицијата употреби солзавец за да ги запре“, изјави официјален полициски претставник.

Минатата недела полицијата и демонстрантите се судрија пред плоштадот Синтагма во Атина во екот на генералниот штрајк. Некои од помладите фрлаа камења и молотови коктели додека полицајците одговорија со шок-бомби и солзавец.

Генералниот штрајк беше прогласен како дел од еден поголем протест против мерките за пензиско штедење.

Грчката влада се надева дека ќе го добие третиот пакет меѓународна помош со тоа што ќе прифати понатамошни кастрења, како и зголемувања на даноците, како што бараат меѓународните кредитори. Овој бран намалувања на пензиите ќе биде единаесетти од 2010 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close