fbpx
Без категоријаВестиВиноТоп вести

Со квалитетна резидба до поквалитетен род

Деновиве во Тиквешијата привршуваат активностите со зимската резидба или популарното кроење на лозовите насади. Секој миг од убавото времево последните денови од зимата лозарите го користат за да привршат со резидбата и да ги припремат лозовите насади за новата сезона.

Причина повеќе беше и за тимот на Зелена Берза да излезе на терен и да поразговараме со лозарите на терен и да погледнеме како ја извршуваат резидбата.

Во семејните лозови насади на Захарчеви имавме шанса да се запознаеме што всушност значи зимската резидба и како таа се обавува. Нашиот соговорник Ѓоре Захарчев ни раскажа малку повеќе за истотот.

Зелена Берза: Зошто се спроведува зимската резидба?

Ѓоре: Зимската резидба е првата агротехничка мерка со која започнува било каква операција во лозовите насади и игра доста клучна улога како во физичкиот изглед на лозата така и во контролирање на родноста. Има многу причини зошто се изведува зимката резидба а помеѓу нив е и како што веќе напоменав оформување на лозата и давање соодветен изглед да не би дошло до оштетување на ластарите и гроздовите со подоцните агротехнички мерки и олеснување на обработувањето на почвата, оформување на стеблото за да се воспостави рамнотежа во кореновиот систем, забразување на почетокот на родноста, отстранување на заболените делови на лозата и спречување на ширење на болестите и одстранување на сувите ластари од истата.

Зелена Берза: На кој начин вршиме контролирање на родноста?

Контролирањето на родноста се врши со оставање на соодветен број окца на ластарот одстранување на ластарите кои се постари од 2 години и оставање на окца исклучиво за лисна маса. Битно е да се напомене дека родноста не е иста кај сите окца и како се оди кон крајот на ластарот родноста се намалува.

Зелена Берза: Каков тип на кроење обавувате?

Во нашиот лозов насад немаме некој конкретен модел по некоја струча литература него користиме некој модел кој се покажал низ нашето искуство. Колку што имам читано ваквиот модел се карактеризира како некој мешан модел за резидба на шпалир систем и е малку повеќе сличен на Гиов начин на резидба. Односно оставаме два лука со 6 до 7 окца и два кондири со по едно до две окца. Се разира кај различни сорти на грозје оставаме или помалку окца или повеќе. Во ваков случај внимаваме тоа да не бидат ниту преслаби ластари ниту предебели бидејќи кај таквите ластари сме имале проблеми со суша и мрзнење па се покажало дека треба да ги избегнуваме а многу често знаат и да не потераат поради слабата развиеност на окцата. Ластарите се оставаат на некоја висина која ни овозможува врзување на истите исклучиво на првата жица и добро оформување на родноста која ќе се одвива нешто испод првата жица па се до втората. Во истиот момент ги одстрануваме сите стари делови и кората од пенушката за да се уништат бактериите кои се собираат на овие делови.

Зелена Берза: Кој е најдобар период за изведување на резидбата?

Доколку се има поголема површина на лозови насади најдобар период е со прекинувањето на вегетацијата во лозовиот насад осносно крајот на Ноември и почеток на Декември но лозарите кои имаат помали површини не се брзаат и оваа операција ја одпочнуваат на 14 февруари на празникот св. Трифун кој е познат како заштитник на лозарите и винарите. Но важно е да се напомене дека истата операција треба да заврши пред набабрувањето и потерувањето на окцата односно некаде кон крајот на март.

Зелена Берза: Како се справувате со заболените делови од лозата?

За да не дојде до ширење на болесни од болна на здрава лоза ние извршуваме дезинфекција на опремата Маказите односно ножиците за кроење и пилата која се користи за подебелите делови кај постарите лозови насади и ваквата дезинфекција се врши со памук натопен во алкохол со кој ја премачкуваме опремата. Бидејќи болните лози се идентификуваат веднаш имаме и дополнителни макази кои ги користиме исклучиво за вакви лози и самиот отпад го собираме веднаш во вреќа и истиот го спалуваме да не би дошло до ненамерно ширење на болеста.

Зелена Берза: Дали вршите зимско прскање веднаш по кроењето?

Да, за навремена заштитата од болести многу е битно да се изврши и соодветно прскање по можност во истиот ден на кроењето. Тоа го правиме исклучиво со средства на база на бакар одностно кај народот познати како бордовска чорба. Доколку се работи за заболени лози вршиме и третирање на земјата околу лозата. Ние користиме раствор од 1.5% кај здравите лози до 3% кај заболените на бордовска чорба и со мала рачна пумпа за многу краток период можеме да ја истретираме изрежената површина за тој ден.

Зелена Берза: Како се справувате со одрежаните ластари?

Поради зачувуваење на животната средина ние избегнуваме спалување на истите доколку не се работи за болест. Истите ги изнесуваме на крајот од лозовиот насад и ги оставаме некој перод од 2-3 години да одлежат и истите со помош на атмосверските влијанија се распаѓаат. За дали за среќа или несреќа се поголем дел од околните некогашни лозја се напуштени па површините за одлагање ги има премногу. Во поново време се користат и мулчери кои на лице место ги ситнат ластарите и од нив се добива ѓубриво за прихрана на лозата.

Зелена Берза: Која е следната операција која што треба да се изврши во лозовиот насад?

Следна операција е исправање на самата инфраструктура и затегање на жиците која пак е припрма за врзување на изрежените ластари. Оваа операција е премногу брза и се одвива со помош на уреди кои со помош на лента и хефталица ги врзуваат прачките за првата жица. Потоа следи пролетното орање кое се изведува доколку постојат соодветни услови како одредена влага во почвата.

За квалитетен род е потребно навремено и прецизно обавување на сите агротехнички мерки. Семејството Захарчеви е едно од стотината семејства во Тиквешијата која се занимава со лозарство, производство на грозје и производи од грозје како што се Вино, Ракија, Маџун, Оцет и се разбира трпезно грозје. Нивните производи може да се порачаат на нивната Facebookстраница https://www.facebook.com/WineryZaharchev/или дирекно на телефонскиот број 070 743 742.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close