fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Со поддршка од државата младите полесно до сопствен стан

Зависи колкава финансиска поддршка, односно каква гаранција ќе им даде државата на оние кои сакаат да купат стан или куќа.

Покрај високите цени на станбениот квадрат и на земјиштето, со поддршка од државата, младите полесно ќе можат да дојдат до сопствен стан или куќа. Ова е можно преку враќање на мерката „Купи куќа, купи стан“ или „Купи куќа за млади“, кој го најави партијата ВМРО-ДПМНЕ, која победи на изборите. Овој проект има за цел да им помогне на младите да стекнат сопствен дом и да ја зголеми нивната финансиска стабилност. Експертите сметаат дека ова многу ќе им помогне на младите брачни парови да дојдат до сопствен дом и ќе ги задржи младите во државата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ја воспостави и ќе ја подобри мерката „Купи куќа за млади“, преку исплаќање субвенции на месечна рата за изградба на куќа или исплаќање на субвенции за почетно учество при добивање на кредит за изградба на куќа. За младите парови кои ќе се преселат на село, ќе се изработи програма со која ќе овозможиме еднократна финансиска поддршка за купување, градење или проширување на куќа. Предвидена е продажба на државно неизградено земјиште по повластена цена по квадратен метар, како и неколку бесплатни типови на проекти за изградба на куќа со што дополнително би се намалиле трошоците на семејството.

Градежниот експерт Никола Велковски смета дека мерката е добра и оти ќе им помогне на младите кои планираат да купат сопствен стан или куќа. Но, тоа како што е вели е можно само доколку државата стои до финансиските обврски за поддршка.

-Мерката е позитивна и може да им помогне на младите, но зависи колкава финансиска поддршка, односно каква гаранција ќе им даде државата на оние кои сакаат да купат стан или куќа. Исто така ќе зависи во кој соодносот ќе бидат финансиските средства, колкав дел ќе биде повратен, односно колкава ќе биде партиципацијата од страна на државата, вели Велковски.

Во секој случај, тој смета дека мерката ќе им помогне на младите полесно да дојдат до сопствен стан особено сега кога цените се многу високи и турбулентни и се движат од 1.000 до 2.000 евра за метар квадратен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close