Со проект на УСАИД ќе се подобрува земјоделството во Пелагонискиот регион

(Oвој напис е објавен на: June 29, 2018)

Со новиот проект за развој на деловниот екосистем финансиран од УСАИД ќе се овозможи поголем развој на земјоделството во Пелагонскиот регион. За земјоделците преку проектот се набавени ролобалирачка, современа ТМР машина за исхрана на фармата и бокс за режење на папци.

„Помагаме на околу 50-тина фармери за да ги подобрат своите проноси на млеко, квалитетот на млекото, подобрени услови на хигиена на фарма, зголемени приноси на пченка и на силажа, се со цел да можат фармерите да ги зголемат своите фарми“, изјави Мирјана Македонска, директор на проектот во УСАИД.

Со 50% при набавката на оваа опрема учествува УСАИД, а во останатиот дел учествуваат неколку компании од земјоделскиот сектор и млечната индустрија.

„Целта е фармите да видат бенефит и да го зголемат нивниот профит за да можат да обезбедат овие машини понатаму да бидат во нивна сопственост“, рече Александар Христоски, претставник на фирма за производство на сточна храна.

„Ќе даваме лактофризери кои што ќе го одржуваат квалитетот на млекото, а исто така со советодавни услуги да се подобри квалитетот при самото измолзување“, вели Никола Иваноски, претставник на млекара.

Овој пилот проект во Пелагонија го спроведува ЛАГ Агро Лидер.

„Се надеваме дека ова грантирање ќе продолжи и понатаму, дека ќе имаме можност да се реплицира овој успешен пример на добра практика и на други фарми ии во други региони“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ Агро Лидер.

Наскоро треба да пристигне и третиот дел од опремата, боксот за режење на папци кај говедата.


 

сител