fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Со зголемување на минималната плата да се зголемат и останатите плати

Економистите апелираат

Работникот работи, ама не го дава својот максимум, мотивацијата паѓа или според економскиот речник во фирмите доаѓа до „бел штрајк“.  Штипскиот економски експерт, Глигор Ивановски вели дека растот на минималната, а стагнацијата на останатите плати во една приватна компанија или институција, наместо да решава, креира многу по сложени проблеми.

Ивановски посочи дека ваквата слика во државата е сѐ почеста бидејќи се случуваат апсурдни примери во кои најниската плата во една фирма со покачувањето на минималната плата ја надминува пример платата на благајникот.

– ПРИМЕРОТ СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. ТОА Е ЕДНА ПОПУЛИСТИЧКА МЕРКА БИДЕЈЌИ НИЕ САКАМЕ ДА КАЖЕМЕ ОД 20.000 НЕ МОЖЕ ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА. НО, ШТО ПРАВИМЕ СО СООДНОСИТЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ОДРЕДЕНА ФИРМА. ИМАМЕ АПСУРДНИ СИТУАЦИИ ДА НАЈНИСКАТА ПЛАТА ЈА ПРЕМИНУВА ПЛАТАТА НА БЛАГАЈНИКОТ ВО НЕКОЈА ФИРМА. МОТИВАЦИЈАТА ОПАЃА КАЈ ЛУЃЕТО, НИЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА ТОА ГО ВИКАМЕ БЕЛ ШТРАЈК. РАБОТНИКОТ РАБОТИ, АМА НЕ РАБОТИ. ТОЈ РАБОТИ ФОРМАЛНО, НЕ СЕ АНГАЖИРА ДОВОЛНО, НЕ ГО ДАВА ЕФЕКТОТ КОЈ ГО ДАВАЛ ПОРАНО ИЛИ ШТО СЕ ОЧЕКУВА ОД НЕГО, ВЕЛИ  ИВАНОВСКИ

Посочува дека расте и износот кој ја формира потрошувачката кошница, а со денешните примања на граѓаните, најголем дел од парите се трошат за храна. Додава дека со ваквите примања и цени не може нешто важно да се промени во државата.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close