Собирни центри за млеко
Инвеститорот мора да има над 10 вработени и обрт над 2 милиони евра годишно
Мерка 103- Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производисо нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија (Со мерката 103 ќе се придонесе кон зголемување на конкурентноста на секторот со голем потенцијал за отворање на нови работни места)
10331- Инвестиции во воспоставување и модернизација на собирни центри за млеко
Минималната прифатлива вредност кофинансирање од 50% на инвестиција изнесува 10.000 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 4.500.000 евра во денарска противвредност.
Кој може да биде корисник по мерка 103?
– Правни лица основани согласно Законот за трговски друштва, кои влегуваат во рамките на мало и средно претпријатие согласно Препораката 2003/361/ЕС, и кои се регистрирани во системот на ДДВ во согласност со Законот за данокот на додадена вредност.
– Земјоделски задруги основани согласно Законот за земјоделски задруги со основна дејност земјоделство само за подмерките 10321 Инвестиции за воспоставување и модернизирање на откупни центри за овошје и зеленчук и 10331 Инвестиции за воспоставување и модернизација на собирни центри за млеко.
Со тоа што правните лица во рангот на големи претпријатија можат да аплицираат за финансиска поддршка само во случај кога целта на инвестицијата е достигнување на стандардите на Заедницата .
Исто така се одобруваат апликации на средни претпријатија и мали претпријатија, кои имаат над 10 вработени и обрт од над 2 милиони евра.
Микро претпријатијата со вработени под 10 лица и обрт под 2 милиони евра не може да ја користат оваа мерка.
ВОСПОСТАВУВАЊЕ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СОБИРНИ ЦЕНТРИ ЗА МЛЕКО
Прифатливи проекти
Прифатливи проекти се оние кои ги вклучуваат следниве инвестициони
активности:
– Нови инвестиции во објекти и модернизирање на постоечките, градежниинсталации и опрема, за воспоставување и технолошко унапредување накапацитетите за собирање, прием, ладење и складирање на млекото какосуровина, како и набавка на опрема за складирање и ладење на млеко вособирните центри, специјализирана опрема за систем за следење и контрола наприем, собирање, преработка и маркетинг дистрибуција на производите,лабораториски апарати за контрола на квалитетот, разладни цистерни затранспорт и инвестиции во насока на усогласување со стандардите за заштитана животната средина и употреба на одржливи извори на енергија;
Во случај на инвестиции кои се однесуваат на млечниот сектор, треба дасе запазат критериумите наведени во Европските стандарди (Регулатива наЕвропската Комисија бр.853/2004, анекс III, оддел IX, глава I, Примарнопроизводство на сурово млеко) додека критериумот за број на микроорганизмии соматски клетки (Регулатива на Европската Комисија бр.853/2004, анекс III,оддел IX, глава I, дел III, точка 3) ќе се смета за цел која треба да се постигне, а некако претходен услов.
Планираните инвестиции во модернизирање на постоечките капацитети насобирни центри за млеко, треба да бидат во согласно со Акциониот план кој гопоседува операторот со храна, а е верификуван од Агенцијата за храна иветеринарство. Акциониот план треба да е изработен врз основа на листата наутврдените недостатоци на операторот со храна издадена од Агенцијата захрана и ветеринарство.
Неприфатливи трошоци
Следниве трошоци не се прифатливи за ко-финансирање;
– даноци, вклучувајќи даноци на додадена вредност;
– царини и увозни давачки, или некои други давачки;
– купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот ќе доведе до пренесување на сопственоста на закупецот;
– казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови;
– оперативни трошоци; – користени машини и опрема;
– банкарски давачки, трошоци за гаранции и слични давачки;
– трошоци за конверзија, давачки и загуби од девизниот курс поврзани со сметката во евра на ИПАРД, како и други исклучиво финансиски трошоци;
– придонеси во натура;
– купување на права за земјоделско производство, животни, годишни растенија и нивно засадување;
– секое одржување, амортизирање и трошоци за наем; трошоци на јавната администрација во управување и спроведување на помошта, имено оние на оперативната структура и, особено, режиски трошоци, наеми и плати на персоналот ангажиран за активности на управување, спроведување, следење и контрола.