Sol&Agrifood е место каде се сретнуваат понудата и побарувачката за сите квалитетни агропрехранбени специјалитети кои се поделени во три целини: храна, екстра маслиново масло и таканареченото крафт пиво. Оваа манифестација ги собира на едно место учесниците и изложувачите, кои на купувачите им зборуваат за своите производи, местото на потекло, традицијата, суровините, а тие пак откриваат нови прехранбени специјалитети преку сетила кои ја зајакнуваат нивната единственост.
Ваков е накратко описот на меѓународниот саем на храна Sol&Agrifood, каде може да се направи директен контакт на производителите со купувачите и професионалците од областа на агропрехранбените производи.
Саемот им излегува во пресрет на потребите и на малите и на големите изложувачи, овозможува стапување во контакт со купувачите од над 130 земји, учествување на В2В состаноци, со комерцијални делегации на најинтересните меѓународни пазари.
За своето производство, можете да раскажете на работилниците, разните дегустации или готвачки изложби. Можете да научите нешто повеќе за органолептичката вредност на изложените специјалитети, да следите куварски емисии, но и да научите како да ги претставите избраните производи и успешно да ги продадете на своите клиенти.
Минатата година на саемот имаше вкупно 326 изложувачи, од кои 15 странски, над 52 илјади посетители, од кои над 16 000 од странство.
Саемот се одржува од 7 до 10 април, во Верона (Италија), а истовремено се одржува и Vinitaly.
Зелена берза