Како да спречите зараза со салмонела

(Oвој напис е објавен на: August 26, 2019)

Вирусните и бактериските инфекции во организмот, најчесто ги внесуваме со валкани раце или храна. Прочитајте, кои симптоми не смеете да ги игнорирате и како да се заштитите од зараза предизвикана од салмонела.

Салмонелата е опасна бактерија, која особено е присутна во топлите летни денови, поради што потребна е голема внимателност во исхраната. До инфекција доаѓа поради невнимателно третирање на производите. Поради тоа, потребно е да се посвети внимание на хигиената и задолжително да се мијат рацете пред подготовка на храната. Цревните заразни болести, првенствено се пренесуваат преку заразена храна и вода и валкани раце, а причинители можат да бидат различни видови на микроорганизми. Предизвикувачи на цревни инфекции, најчесто се различни бактерии и нивни токсини, како и вируси и паразити.

Ризични групи

Зголемен ризик да заболат имаат децата, поради недоволно созреаниот одбранбен систем и внесувањето на поголема количина на храна во споредба со возрасните. Освен децата, во ризична група се вбројуваат и бремните жени, кои поради промената на нивото на хормоните, подложни се на овие болести, но исто така во ризичната група се вбројуваат и лица со намален имунитет, пациенти кои се лечат од малигни тумори и стари лица над 65 години и тоа од две причини: првата, се должи на природно намалената одбранбена способност, а втората, се должи на тоа што имаат намален вид и неможат јасно да видат, дали храната е доволно чиста и измиена.

Посебно внимавајте на производите од животинско потекло

Последните години се зголемува бројот на заразени со салмонела од зеленчук и овошје, посебно од зелен лиснат зеленчук и зелка, пред се, поради тоа што се јадат свежи, а често се наводнуваат со контаминирана вода, која е тешко темелно да се измие.

Епидемиолозите, нагласуваат дека, посебно треба да се внимава со производите од животинско потекло, затоа што животното може да биде заразено со салмонела, а со самото тоа и намирниците кои ги користиме – млекото, месото, јајцата, исто така, може да бидат заразени. Од друга страна, салмонелата може да се внеси во организмот и со валкани раце, односно преку дополнителна контаминација на храната и тоа во случаите, кога се подготвува храна за поголем број луѓе, во кујни, ресторани, училишта и детски градинки.

Болест на валкани раце

Салмонелата е болест на валкани раце, а симптомите на болеста се јавуваат после 12 до 72 часа. Болеста, трае најмногу седум дена, но само ако соодветно се лекува. Во тешки случаи, неопходно е болничко лекување. Дијагнозата се поставува врз основа на анализа на примерок од столицата.

Специјалистите, нагласуваат дека, најчесто поминува без терапија, така што салмонелата брзо се исфрла од цревата ако не се користат антибиотици, но ако е во прашање тешка клиничка слика и ако трае подолго, потребно е да се примени терапија. После терапијата се прави пауза, а потоа се врши контрола на столицата, затоа што може да се случи, салмонелата да остане во столицата. И откако ќе исчезнат симптомите, салмонелата може да се задржи од неколку седмици, до неколку месеци.

Недоволно обработена храна доведува до болест

Храната која е заразена со салмонела, најчесто е недоволно термички обработена. Со термичка обработка на храната, можеме да ја уништиме салмонелата и нема да дојде до зараза. Тоа, што е исто така важно, за некој кој работи во кујна, со храна, е доколку истиот добие стомачни тегоби, задолжително треба неколку дена да биде надвор од работното место, советуваат епидемиолозите.

 

Валентина Соколовска

за ЗЕЛЕНА БЕРЗА

Share Button