fbpx
ВестиТоп вести

Соалрен систем  за порентабилно земјоделско производство

 

 

Соларните системи може да обезбедат порентабилно производство за земјоделците . На оваа тема  заедничка презентација одржаа здруженијата ЛАГ  Агро Лидер и Солар Македонија. Презентацијата се одржа во Прилеп пред фармерите од пелагонискиот период.

Со здружени сили, двете организации ќе работат на модернизација и зголемување на рентабилноста на фармите во регионот преку употреба на обновливи извори на енергија. Настанот е поддржан од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем кој неодамна на двете здруженија им додели грантови за развој на работната сила и локалната економија.

 

„Оваа иницијатива е во склоп на новиот проект кој ЛАГ Агро Лидер го спроведува. Проектот е насочен кон помош на земјоделците, особено фармерите и сточарите, преку воведување на нови советодавни услуги на терен,  до и финансиски услуги и услуги за развој на самите фарми со цел да се зголеми продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери.”  – изјави Марина Тошеска од Локалната акциска група (ЛАГ) Агро Лидер.

 

Солар Македонија, преку активностите од грантот, ќе се бави со одржување тренинзи за монтажери на соларни системи, додека пак ЛАГ Агро Лидер ќе нуди техничка помош и експертско знаење на фармерите од пелагонискиот регион. Комбинирајки ги знаењата на ЛАГ Агро Лидер со вештините на Солар Македонија, Проектот ќе работи на опремување на пелагониските фарми со соларни систем кои ќе ги намалат трошоците за електрична енергија по фарма.

„Македонија е регион со можеби најдобри услови за искористување на сончева енергија од аспект на сончево зрачење, температурни зони и погодни сончеви денови.  Со цел подобрување на искористеноста на овој потенцијал, овој настан ќе ги промовира сите можности за внесување на сончева енергија во земјоделството како што се сончевите топлински колектори, фотоволтаични системи но и хибридниот систем кои дава и електрична и топлинска енергија во исто време”- изјави професорот Илија Насов, претседател на Солар Македонија. Тој додаде дека во Македонија постојат многу можности за добивање на финансиско олеснување при воведување на соларни системи, од IPA и IPARD фондовите до УСАИД и ЕУ,  но поволни партнерски кредити и други банкарски инструменти.

Здружението за рурален развој Локална акциона група (ЛАГ) Агро Лидер е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување. Како членска организација, ЛАГ Агро Лидер овозможува заедничка соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор, а преку информирање, едукација и активирање на населението ќе обезбеди долгорочен развој на руралните средини на територијата на Општините Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп. Солар Македонија е здружение за промоција на употребата на соларна енергија во Македонија преку истражувања, развојни активности, воведување на стандарди за квалитет и добри бизнис практики, и воспоставување на стабилен пазар на соларна енергија. Солар Македонија е членска организација во која членуваат 21 македонска компанија од секторот за соларна енергија, вклучувајќи производители, дизајнери, монтажери и трговци.

 

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе ја зајакне конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку подобрување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски со цел потикнување на пораст на продуктивноста и вработувањата во ММСП. Преку својата прва компонента, Проектот соработува со организации за бизнис поддршка во  идентификување и подобрување на недостатоците присутни во македонското деловно опкружување. Овој настан го одбележува почетокот на заедничките активности кои Проектот планира да ги спроведе со бизнис организациите во текот на наредните три години.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close