Сончево и многу топло време со високи температури
Тропски горештини до петок, но без жолта фаза, грмотевици и дожд за викендот
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.
Заладување ќе настапи за време на викендот, со грмотевици и дожд, веќе в сабота се очекува опаѓање на температурата, а в недела тие ќе изнесуваат од 22 до 28 степени.