
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и топло, максималната температура до 39 степени
Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во вторник, кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.