fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Инфлацијата 3,5 проценти, Бектеши задоволен – мерките даваат резултати

Месечно намалување има кај млекото за 10,1, јајцата за 9, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,6, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6,4, свежото и разладеното овошје за 5,2, пивото за 4,3, сирењето и урдата за 4,1, месото за 3,4, лебот и житата за 3,3 и маслото и маснотиите за 0,9 отсто.

Инфлацијата во октомври се намалила на 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на трошоците на животот во октомври годинава, а во однос на октомври 2022 бележи зголемување од 3,5, а индексот на цените на мало од 3,4 насто, се вели во објавата на ДЗС.

Статистичките податоци покажуваат дека индексот на трошоците на животот во октомври, споредено со септември, изнесува 98,5, а индексот на цените на мало 99,4.

Месечно намалување има кај млекото за 10,1, јајцата за 9, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,6, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 6,4, свежото и разладеното овошје за 5,2, пивото за 4,3, сирењето и урдата за 4,1, месото за 3,4, лебот и житата за 3,3 и маслото и маснотиите за 0,9 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај медиумите за снимање за 7,7, информатичката опрема за обработка на податоците за 7,3, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,2, велосипедите за 1,8, услугите за сместување за 1,1, цврстите горива за домаќинствата за еден процент…

Во споредба со септември, зголемување на цените има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,4 насто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8, жестоките пијалаци за 1,4, рибата и морските плодови за 1,2, виното за еден,  кафето, чајот и какаото за 0,4 проценти.

Во октомври поскапени се и електричните апарати за лична хигиена за 9,5 насто, воздухопловниот патнички транспорт за 5,2, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 4,7, гасот за домаќинствата за 3,9, градините, растенијата и цвеќињата за 2,6 прценти, а со нови повисоки цени се уште многу други производи и услуги забележани на сатистичкиот список.

Мерките на Владата даваат резултат, е реакцијата на министерот за економија, Крешник Бектеши. Откако ДЗС ја објави информацијата за движењето на инфлацијата, министерот на својот ФБ профил напиша:

„Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%.

Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалоци во октомври бележат раст од 1%, што е драстично намалување споредено со 7,8% пресметани во претходниот месец.

Споредено со октомври 2022 година кога инфлацијата изнесуваше 19,8%, за една година бележиме намалување на инфлацијата од 5,5 пати.

Носиме мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард“.https://pari.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close