fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и топло, попладне локален дожд

Според УХМР, во наредните денови ќе следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло со мала до умерена облачност – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

За попладне УХМР најавува локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 15 до максимални 35 степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close