fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Земјоделците од струмичко на мака: Драстичен пад на цената на доматите, краставиците и пиперките

Единствено пролетната зелка има стабилна откупна цена од 30 денари за килограм

Градинарите од струмичко реагираат на падот на цените на раноградинарските куктури во струмичко. По високите откупни цени на самиот почеток на бербата, тврдат дека деновиве доматите и краставиците, а посебно пиперките, се откупуваат по неисплатливи цени за производителите.

Според Ристо Велков од Сојуз на синдикат на земјоделски производители од Струмица, доматите се откупуваат за 50 денари за килограм, краставиците за 20-25 денари, а пиперките 20 денари за килограм, пренесува Лидер.мк.

-Единствено пролетната зелка има стабилна откупна цена од 30 денари за килограм, додека цените на другите градинарски култури паднаа. Овие култури имаат поголеми трошоци за производство, бидејќи се произведуваат во пластеници и оранжерии со загревање и овие цени се неисплатливи за нас. За една недела треба да стаса за берба и пролетната зелка на отворено, па ќе видиме дали ќе продолжи да се откупува како досега, рече Велков.

Според трговците, откупните цени се движат во рамките на почетниот производствен циклус и засега побарувачката е добра, како од странските, така и од домашните пазари. И тие потврдуваат дека пиперките се откупуваат по ниска цена, додека другите градинарски култури се откупуваат по цени кои ги диктира понудата и побарувачката.

-Пиперките се откупуваат по 20 денари за килограм, иако е почеток на бербата. Почнавме и со откуп на пролетна зелка од отворено и таа се откупува за 25 денари за килограм. Пред празниците откупните цени беа повисоки, но тоа се должеше на почетното проиозводство. Но, деновиве производството стасува и нормално е да има одреден пад на откупните цени, смета трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“.

Инаку, на зелените пазари во струмичко доматите се продаваат од 50 до 70 денари за килограм, пиперките од 50 до 60 денари, а крастaвиците од 30 до 40 денари за килограм.https://lider.mk/zemjodelcite-od-strumichko-na-maka-drastichen-pad-na-cenata-na-domatite-krastavicite-i-piperkite/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close