fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Сончево и топло, утре попладне дожд и грмежи

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Од утре во попладневните часови, според УХМР, ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Можно е да е слика од одрезок од билет и текст

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close