fbpx
Вести

Земјоделците на обука: иднината е во органското производство

 

zemjodelcite na obuka idninata e vo organskoto proizvodstvo

Обука за органско земјоделско производство се одржува денеска во Кавадарци, како дел од проектот на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, имплементирана од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Проектот е насловен „Поддршка и промоција на препознатливо стопанско туристички настани и мапирање на форми на рурален туризам”.

– Целта на оваа обука е да се соберат сите индивидуални земјоделци од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман, кои произведуваат земјоделско производство и да се запознаат со сите бенефити на самото органско производство. Органското производство е тренд во денешно време. Оваа обука е последна во оваа сесија на обуки кои ги одржува Центарот за развој при Вардарскиот плански регион, откако претходно имавме слична ваква обука наменета за микрорегионот Свети Николе и Лозово, рече во изјава за медиумите, Снежана Митрова од Вардарски плански регион.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close