
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми
Од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди.
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Во Скопје, сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. До петок дневните температури ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе опаднат за неколку степени.