fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Променливо облачно, посвежо со повремен пороен дожд и грмежи

Уште утре ќе има позначителна нестабилност на времето

Времето ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Уште утре ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата. Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close