fbpx
Вести

Турција најголем извозник на брашно во светот, извозот достигна милијарда долари

Минатата година Турција оствари извоз на брашно во вредност од околу една милијарда долари, со што стана извозник број еден во светот во овој сектор, јавува Anadolu Agency (AA).

turcija najgolem izvoznik na brashno vo svetot izvozot dostigna milijarda dolari

Оваа информација за АА ја потврди претседателот на турската Федерација на производители на брашно (TUSAF) Ерен Гунхан Улусој, велејќи дека минатата година е остварен извоз од една милијарда долари, како и дека целта за оваа година е зголемување на извозот за уште 100 милиони.

„Турција е првиот светски извозник на брашно, а минатата година извезено е брашно во вредност од една милијарда долари. Во истовреме, Турција сочинува 20,25 проценти од вкупниот светски извоз на брашно”, рече Улусој.

Тој рече дека бројот на земји во кои Турција извезува брашно во последните 10 години е зголемен за 150 отсто, и дека првите десет земји на таа листа се Ирак, Судан, Сирија, Индонезија, Бенин, Ангола, Филипини, Израел, Мадагаскар и Гана.

Осврнувајќи се и на производството на пченица во светот, Улусој рече дека таа се движи околу 730 милиони тони. Според него, во производството на пченица водат ЕУ, Кина, Индија и САД, а Турција во последните години значително го зголеми производството на пченица.

Тој исто така додаде дека Турција во 2015 година произвела околу 22,6 милиони тони пченица, што ја рангира на 11-то место во светот, односно дека Турција сочинува три проценти од вкупното светско одгледување на пченица.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close