Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на места можна голомразица
Врнежи од слаб снег се бележат во Крива Паланка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, при што поради ниските температури на места е можна појава на голомразица.
Врнежи од слаб снег се бележат во Крива Паланка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сојузот потестува дека од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.