fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Јосифовски-Цената на тутунот ќе мора да се знае однапред, пред да се сади

На овој начин уште со потпишувањето на договорот производителот ќе ја знае цената на тутунот кој планира да го произведе, а не како сега, во период на почеток на откуп многумина тутунари се уште немаат примероци од договорите, аи тие што ги имаат ги добиле веќе потпишани.

Откупот еден ден ќе почне и брзо ќе заврши. За да ги нема во иднина проблемите што секоја година се повторуваат треба да се воведе ред во правната регулатива. Сојузот ЗАДОЛЖИТЕЛНО во февруари да одржи СРЕДБИ со тутунопроизводителите во сите производни региони и да се консултира во врска со  ЦЕНИТЕ ЗА СЛЕДНАТА РЕКОЛТА.

Откупувачите да НЕ СМЕАТ ДА СКЛУЧАТ ДОГОВОРИ се до постигнување заеднички прифатливи цени со производителите  застапувани преку Сојузот на земјоделски здруженија.

Секој откупувач кој ќе постигне договор за висината на цената да може, независно од другите откупувачи  ДА СКЛУЧИ ДОГОВОРИ СО КООПЕРАНТИТЕ. Откупувачите да НЕ СМЕАТ да земаат ПОДАТОЦИ ЗА ПАРЦЕЛИ И ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ освен во случај кога на лице место пред први март се склучуваат договорите со потписи на откупувач и производител.

На овој начин уште со потпишувањето на договорот производителот ќе ја знае цената на тутунот кој планира да го произведе, а не како сега, во период на почеток на откуп многумина тутунари се уште немаат примероци од договорите, аи тие што ги имаат ги добиле веќе потпишани.

ЗА ДОБРА СОРАБОТКА ПОТРЕБНА Е ВЗАЕМНА ДОВЕРБА , ПОЧИТУВАЊЕ И МЕЃУСЕБНО УВАЖУВАЊЕ, СЕ ДРУГО Е ВОВЕД ВО ХАОС.

Тутунска надеж- Васко Јосифовски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close