Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“
Битолски „Пелистер“ е голема градежна компанија, за македонски прилики
Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“, го презеде раководењето и на градежното претпријатие „Пелистер“ во Битола, чиј долгогодишен менаџер до скоро беше нејзиниот од неодамна покоен татко Силјан Мицевски, објави Фактор.мк.
Битолската градежна компанија „Пелистер“ во периодот од 2014 година до 2017 година оствари приход од 70 милиони евра и добивка од 8,31 милиони евра, најмногу поради ангажманите во јавните набавки на АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола, но во последните години не е меѓу најуспешните битолски претпријатија, а приматот во оваа дејност му го зеде „градскиот ривал“ Марковски Компани.
Битолски „Пелистер“ е голема градежна компанија, за македонски прилики, која често е ангажирана на ископи на јаглен и јаловина за најголемиот македонски производител на електрична енергија РЕК „Битола“. Со своите финансиски резултати „Пелистер“ влегува во групата најголеми градежни домашни компании со посед на многубројна механизација.
Стерјева е основач, сопственик и генерален директор на „Еурофарм Битола“. Ова друштво во своите аптеки во 2022 оствари приход од 40,5 милиони евра. Во „Пелистер“ ќе биде сопственик заедно со други физички лица, објави https://faktor.mk/