Спремете „пеглана“ пиперка по стар рецепт
Се прави брзо и без конзерванси, а вкусот е неодолив
Највкусната печена пиперка ќе ви стане омилен дел од зимската сезона!
Подготовките за зимската сезона се во полн ек, а ние ви пренесуваме вкусен рецепт со црвени пиперки на кој никој не можеше да одолее! Покрај тоа, многу лесно се прави, па нема да ви одземе многу време, а цела зима ќе имате неверојатен прилог!
5 кг црвени пиперки
100 гр шеќер
500 мл масло
2 глави лук
500 мл оцет
200 гр сол
еден куп магдонос
1 лажичка зрна бибер
Начин на подготовка:
Добро измијте ги пиперките и извадете ги семките. После тоа, исечете ги на малку подебели ленти.
Потоа наредете еден ред пиперки, па посипете со сол и шеќер, па сè прелијте со оцет и масло. Потоа повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки. Оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или преку ноќ.
Кога ќе омекнат, наредете ги во стерилизирани стаклени тегли, каде меѓу нив ќе додадете магдонос, лук и зрна бибер. На крај сите пиперки покријте ги со смесата која остана од пиперките и притиснете ги со пластична решетка.