Србија ја измени одлуката за ограничен извоз на жито
Владата на Србија донесе уредба за вонредна интервентна мерка за поддршка на производителите на брашно и за тие цели определи 160.000.000 динари.
Владата на Србија донесе уредба за вонредна интервентна мерка за поддршка на производителите на брашно и за тие цели определи 160.000.000 динари.
На тој начин ќе се задржи досегашниот обем на производство на брашно и ќе се спречи потенцијално нарушување на пазарот што може да доведе до недостиг, се објаснува во соопштението на српската влада.
Освен ова, изменета е и Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која за да се олесни извозот на овој вид производи, сега се воведуваат квантитативни ограничувања на извозот на квартална основа наместо на месечно, како што беше случајот досега.
– Оваа мерка е донесена со цел да се спречи недостиг на тие производи – пишува во соопштението.