Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Србија ќе ни даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција изјави дека Северна Македонија од Србија побарала 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и дека тоа може веднаш да се испорача.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа на прес-конференција изјави дека Северна Македонија од Србија побарала 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и дека тоа може веднаш да се испорача.
Србија има доволно резерви на пченица и за регионот, за Црна Гора, Албанија и БиХ. Според неговите зборови, Србија има пченица двојно повеќе отколку што и треба, а зададена е на 620.000 хектари.
Што се однесува до мерките, претседателот Вучиќ истакна дека се уште нема да се ограничува извозот, дека Србија има доволно храна и енергенси и дека граѓаните не треба да стравуваат.