fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

До 2027 преку ИПАРД III на располагање се 97 милиони евра

Поддршката за земјоделско-прехранбениот сектор и економијата во руралните средини ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Извозот, откупот, новите пласмани на пазарите во регионот и Европа на македонските храна и вина се поддржани преку програмата ИПАРД која директно придонесува за подобрување на пазарната ефикасност и за приближување до стандардите на ЕУ во земјоделско-прехранбениот сектор, како и за развој на економијата во руралните средини, истовремено придонесувајќи за зајакнување на домашната економија.

– Во периодот 2014-2020 год. преку ИПАРД II програмата беа обезбедени 60 мил.евра, од кои во првата половина од годината беа исплатени речиси 50% од вкупниот износ. До крајот на 2023 год., односно до затворањето на ИПАРД II, очекуваме оваа стапка значително да се зголеми, имајќи предвид дека договори со потенцијалните корисници се склучени за целиот износ на Програмата. Поддршката за земјоделско-прехранбениот сектор и економијата во руралните средини ќе продолжи и во периодот 2021-2027 година, преку ИПАРД III, чиј буџет изнесува 97 милиони евра, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close