fbpx
ВестиТоп вести

Семинар- нутриционизам кај продуктивни животни- моментална состојба и перспективи

На 28.11.2019 год.во Скопје во организација на Ветеринарната комора на Р.С. Македонија се одржа Семинар на тема ”Нутриционизам кај продуктивни животни – моментална состојба и перспективи”.


Предавачи на семинарот беа проф. Д-р Паоло Берзаги – Универзитет за земјоделски науки и ветеринарна медицина при Универзитетот во Падова, стручњак со светско реноме за нутриција кај животните и Проф. Д-р Ирена Целеска од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје.


На семинарот присуствуваа околу 120 доктори по ветеринарна медицина од 80 ветеринарни друштва, кој претежно се бават со ветеринарно-здравствен третман кај продуктивни животни. Тие имаа можност да слушнат за новите технологии за подготовка на балансирана исхрана според реалната потреба на животното и нејзиното значење за зголемување на продукцијата, без нарушување на кондицијата и здравјето , еден од клучните моменти во сточарството.


Голем интерес кај докторите по ветеринарна медицина предизвика презентацијата за новата технологија за анализа на квалитетот на добиточната храна, односно NIR (Near Infrared Spectroscopy) скенер, кој се употребува на самата фарма, при што се избегнува потреба од скапите лабораториски анализи и се добиваат брзи резултати.


Активностите за тренинг и едукација на докторите по ветеринарна медицина, во рамките на заедничката соработка со Комората се поддржани од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој цели кон зголемување на продуктивноста, приходите и работните места кај микро, малите и средните претпријатија во Македонија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close