fbpx
Вести

Вонредна информација за најава на топлотен бран

За утре, поточно 16.06.2016 се предвидува топлотен бран со ниво на алерт 1, кое најизразено ќе биде во регионот MK.SV., предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

vonredna informacija za najava na toploten bran

 

Синоптичарите препорачуваат да се преземат сите акции од Здравствениот акционен план за фаза 1.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени, стои во пргонозата на УХМР.

ЗАШТИТЕТЕ СЕ!

-Доколку немате потреба не излегувајте на отворено и не практикувајте физичка активност во периодот помеѓу 10 и 17 часот.

-Носете светла облека изработена од природни материјали. Практикувајте при излегување на отворено да носите капа и очила за сонце со УВ заштита.

-Доколку се движите на отворено, изберете рута на движење која има повеќе сенка и фонтани за вода. Имајте на ум дека супер маркетите и трговските центри се добро климатизирани и нудат добро разладување.

-Доколку Вашата работа е на отворено, правете повеќе паузи под сенка и секогаш имајте шише со вода до Вас.

-Избегнувајте „тешка“, калорична и мрсна храна. Не јадете големи оброци. Јадете помалку, повеќе пати во денот.

-Пијте што повеќе течности, но избегнувајте кофеински и алкохолни пијалоци, како и многу студени пијалоци.

-Краткотрајни туширања со млака вода се добредојдени за Вашето тело.

-Доколку сте во климатизирана просторија, не претерувајте со ладење на просторијата. 5 до 8 целзиусови степени пониска температура од надворешната температура на воздухот е сосема доволно за да се чувствувате комфорно. Истото важи и за климата во Вашиот автомобил.

-Не оставајте ги Вашите деца и миленици во автомобилот, дури и ако излегувате само „на 5 минути“.

ЗАШТИТЕТЕ ЈА ОКОЛИНАТА!

-Доколку сте во природа, не палете оган на отворено. Огнот може многу лесно и бргу да предизвика пожар.

-Не фрлајте отпадоци, некои од нив лесно можат да предизвикаат пожар.

-Редовно проверувајте дали Вашите домашни миленици имаат доволно вода и сенка за престој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close