fbpx
Вести

Средства од ИПАРД програмата чекаат на охридските земјоделци

Во тек е програмата наменета за рурален развој односно Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програма 2014-2020 со која програма се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Голем е интересот на земјоделците од Охридскиот регион за аплицирање по најновиот ИПАРД повик, велат од  Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Р.Е Охрид.

Најголем е интересот за набавка на приклучна механизација(мулчери, атомизери, набавка на заштитни мрежи и покривки и набавка на повеќегодишни растенија). Зголемениот број на заинтересирани земјоделци е поради тоа што годинава има поволни измени во ИПАРД програмата за набавка на приклучна механизација и опрема. Набавка на трактор не е прифатлив трошок, истакнува Билјана Ѓорческа советник во подрачната единица во Охрид на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Финансиската подршка е наменета за соодветни инвестиции во: Растително производство, Сточарско производство, Преработка и маркетинг на соопствено земјоделско производство, Производство на енергија од обновливи извори за соопствена потрошувачка.

Минимална вредност на трошоци по поединечен проект изнесува 3000 евра.

Вкупната финансиска подршка е 75% од ЕУ фондовите и 25% национално кофинансирање. Овој процент на кофинансирање се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложена од млади земјоделци (на возраст од 18-40 години) 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планински области, посочуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Р.Е Охрид.

Заинтересирани земјоделци кои сакаат да набават нова земјоделска опрема и механизација, набавка на повеќегодишни растенија, набавка на механизација во сточарството, набавка на опрема за постбербени активности, преработка на фарма, Набавка на транспортни возила итн. и кои сакаат да ги искористат средства од ИПАРД програмата, треба да се обратат до советодавците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, РЕ Охрид каде ќе добијат помош во прибирање на потребната документација и за изготвувањето на Техничкиот предлог проект.

Огласот трае до 9 февруари 2019 година.


 

ohridnews.com

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close