fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Српските земјоделци бараат-премија за млекото од 15 динари за литар и цена на сончогледот од најмалку 700 евра за тон

Земјоделците бараат откупна цена на сончогледот од најмалку 700 евра за тон, субвенции за гориво, бесплатен извоз на земјоделски производи, мораториум и замрзнување на кредитите, премија за млекото од 15 динари за литар, како и 30 отсто субвенции за ѓубриво.

Во зградата на Владата на Србија денеска почна средбата на претставници на незадоволните земјоделци со премиерката, Ана Брнабиќ, јави Бета. Земјоделците бараат откупна цена на сончогледот од најмалку 700 евра за тон, субвенции за гориво, бесплатен извоз на земјоделски производи, мораториум и замрзнување на кредитите, премија за млекото од 15 динари за литар, како и 30 отсто субвенции за ѓубриво. Ќе бараат и прогласување елементарна непогода поради сушата. Земјоделците од Нови Сад и здружението „Стиг“ од Пожаревац, кои протестот го започнаа пред два дена блокирајќи го сообраќајот во Нови Сад, синоќа ги отстранија тракторите откако беше закажана средба со премиерката на Србија, но најавија проширување и радикализација на протестот доколку денеска не се исполнат нивните барања. Резултатот од средбата го чекаат и земјоделците во Рача кај Крагуевац, кои утрово протестот го започнаа блокирајќи ја зградата на општина Рача.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close