ССМ бара работа на определено само до една година и породилно отстуство од 12 месеци
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на прес-конференцијата по состанокот со министерката Шахпаска, рече дека на работната средба разговарале за спорните прашања за кои со работодавачите не успеале да постигнат договор, но оти имаат оддршка од МТСП.
Тој вели дека ќе настојуваат Ковид-19 да се третира како професионална болест, па и во приватните фирми тие што ќе одат во изолација или самоизолација да добиваат 100 отсто од платата, а не 70 како да се на боледување.
– Во фундаменталниот Закон за работни односи бараме и да се изостави членот 117, став 2, кој овозможува работодавачот да ангажира работник три месеци прекувремено, а за тој период да не му биде платено. Знаеме дека таму стои дека работодавачот може при зголемен обем на работа да ангажира работници, па сите го прават тоа, посебно во приватниот сектор и сметам дека ова е нефер член во законот и бараме негово укинување, вели Димовски.
Тој рече дека со министерката се усголасиле целосно по прашањето за недела неработен ден. Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за фунционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку 50 проценти и слободен ден, но, таа може да биде и повисока ако тоа се утврди со колективен договор или друг закон освен Законот за работни односи. Договорено е и да се работи само во една смена од 10 до 18 часот.
На средбата било договорено и со колективен договор здравствените работници да можат да користат годишен одмор до 36 дена.
-Со МТСП сме на иста линија треба да седнеме со работодавачите и врз основа на тие факти да кажеме дека е тоа неоходно за да функционира ова општество бидејќи знаеме дека во време на Ковид-19 работниците ги изгубија работните места и сакаат да ја напуштат државата. Ние само преку фундаменталниот закон за работни односи и колективните договори може да ги заштитиме, рече тој и додаде оти се надева дека законот ќе биде донесен уште во текот на годинава.
Денешната средба, нагласи Димовски, беше од стратешки карактер додавајќи дека се на иста линија со Министерството за труд и социјална политика и оти со донесувањето на новиот закон за работни односи ќе се вратат многу работнички права кои биле изгубени изминатите години.https://www.slobodenpecat.mk/ssm-bara-rabota-na-opredeleno-samo-do-edna-godina-i-porodilno-otstustvo-od-12-meseczi/