fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Станува ли Македонија презадолжена држава

Јавниот долг по нагорна линија-осум и пол милијарди евра

Јавниот долг на земјава веќе ја надмина психолошката граница од осум милијарди евра, достигнувајќи на крајот на јуни годинава 8,34 милијарди.

Притоа треба да се напомене дека во јавниот долг влегува и долгот на државата, но и долгот на јавните претпријатија за кои таа го гарантира нивното враќање, што би значело дека ако тие „заглават“ со исплатата на обврките кои ги презеле, сепак ќе ускокне државниот буџет и ќе ги покрие. Затоа и јавниот долг се смета како клучниот фактор кога се мери задолженоста на една држава, а многу побитно е колкав процент од вредноста на бруто домашниот производ зафаќаа, во смисла дали може да се осигура исплата на ратите кои ќе достигнуваат со текот на годините.

Фактор направи анализа за тоа како се движеле јавниот и државниот долг почнувајќи од 2015 година, па се до крајот на вториот квартал оваа година, според податоците кои ги објави Министерството за финансии.

Од нив може да се види дека оттогаш па наваму јавниот долг на државата е зголемен речиси двојно, односно ако 2015 година на крајот тој изнесувал 4,23 милијарди евра, веќе на крајот на јуни 2023 година достигнал 8,34 милијарди. За тоа, пак, кога бил најопасен јавниот долг и кога ги надминал дозволените граници, треба да наведеме дека тоа се случило на крајот на 2021 година, можеби поради корона кризата, кога јавниот долг ја пробил психолошката бариера од 60 проценти и се искачил на 61 отсто од БДП.

Да одиме со ред. Сега далечната 2015 година, за која исто така медиумите јавуваа дека опасно се движи кон презадолженост, сме имале јавен долг од 4,23 милијарди евра, што зафаќало 46,6 отсто од БДП. Секако, наредната 2016 година ние како држава покажуваме дека можеме и „подобро“ од тоа, па јавниот долг се искачува на 4,71 милијарди евра, а расте и неговото учество во БДП, позиционирајќи се на 48,8 проценти од вкупната вредност на економијата. Следната 2017 година, која политички беше една од најтурбулентните, бидејќи власта на многу тежок начин ја презедоа социјалдемократите заедно со ДУИ, беше малку посмирена од аспект на задолженоста, па иако јавниот долг во апсолутни бројки пораснал на 4,79 милијарди евра, се намалил како процент од БДП, и изнесувал 47,7 отсто. Растот на апсолутните бројки продолжува и во 2018 година, и тоа за позначаен износ, па јавниот долг достигнува 5,2 милијарди евра, а како релативна бројка сеуште е во пристојни граници, на нивото од 48,8 проценти. Доаѓа 2019 година во која јавниот долг се искачува на 5,54 милијарди евра, а како процент од БДП се уште е под 50 отсто, или конкретно таа година завршува со јавен долг од 49,3 проценти од вредноста на БДП.https://faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close