Стартува новата ИПАРД 3 програма – распишан првиот јавен оглас за мерките 1 и 7
Соопштение - Од 1 септември 2023 година започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма.
Од 1 септември 2023 година започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма.
Првиот јавен повик ги се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестиции која на располагање се става со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра.
Кај мерката 1 како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во ЕРСЗ системот на МЗШВ, кои може да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), правно лице (микро, мали и средни претпријатија) и индивидуални земјоделци. Потоа корисници можата да бидат задруги или здружени правни лица.
Поддршката од мерката 1 ги опфаќа следните сектори, кај растителното производство житните, индустриски и фуражни култури, градинарски култури, повеќегодишни култури, лозарство. Потоа кај сточарското производство говедарството, свињарството, овчарството, козарството и живинарство. Други сектори опфатени со мерка 1 се производството на риба, преработката и маркетинг на сопственото земјоделско производство и Инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби, односно инвестиции во поставување на био гас и био гориво, соларна, ветерна и гео-термална енергија.
Минималната вредност на прифатлива по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра. Максималната финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000 евра. Финансиската поддршка – кофинансирање кај оваа мерка е 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Кај мерката 7 како корисници се јавуваат физички лица, правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.
Како приоритетни сектори кај мерката 7 се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не–прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.
Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект изнесуваат од 10.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник за цел период (2021-2027) изнесува 1.500.000 евра. Стапка на финансиска поддршка кај мерката 7 изнесува до 60% од вкупните прифатливи трошоци. Стапка нa финансиска поддршка се зголемува на 70% за апликанти кои се млади фармери и колективни инвестиции. Финансиска поддршка се зголемува за дополнителни 10% само за оние инвистиции во обновлива енергија, управување со отпад и циркуларна економија.