fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Стевче Радевски-Зголемениот увоз ја спушти цената на домашното јаболко

Родот намален за 70 отсто, а откупната цена под производната

Ниската откупна цена последниве години и зголемениот увоз на јаболка годинава ги извадија на површина слабостите на целиот земјоделски сектор. Овоштарите од Ресенско велат дека како што тргнала работата за десетина години ќе останеме без јаболка, бидејќи погрешната аграрна политика во последните 30 години ги избрка младите земјоделци надвор од државата. Тие обвинуваат дека увозот од Србија и Албанија ја крена цената и граѓаните сега на пазарите купуваат скапи јаболка.

-Сите се одговорни за ваквата состојба во земјоделството. Погрешната стратегија на Владата, во која вистинскиот земјоделец никогаш не беше во фокусот, ги избрка младите земјоделци надвор од државата. Покрај другите земјоделски култури, последниве години значително е намалено и производството на јаболка. Многу ниви со јаболка стојат така и никој ниту ги одгледува, ниту ги бере, вели за весникот ВЕЧЕР, Стевче Радевски, производител на јаболка од Ресен.

Тој додава дека како тргнало за 10 години и јаболката ќе ги снема од македонските ниви.

Овоштарите велат дека годинава родот е намален и до 70 отсто и оти нема јаболка. Според нив, откупната цена годинава не е толку ниска, но проблем е зголемениот увоз кој ја спушта цената на домашните јаболката. Откупната цена на „ајдаред“ е 18 и 20 денари за килограм, на „муцо“ – 30 денари, на „црвен“ и „златен делишес“ – 30 денари за килограм.

-Поради лошите временски услови, односно обилните врнежи пролетта, кои доведоа до појава на болести, родот годинава е намален за 70 отсто. Поради тоа што годинава немаме доволно јаболка се дозволи увоз од Србија, Албанија… кои ја спуштаат цената на домашните јаболка. И ова е резултат на погрешната политика на Владата, бидејќи кога откупната цена е ниска тогаш Владата е немоќна да помогне, а кога е висока тогаш реагираат со увоз за да ја спуштат, појаснува Радевски.https://www.vecer.press/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close