fbpx
Вести

Сто посто штета на лозовите насади во Војница, Владиловци, Крнино и Крајници

Од осумдесет до сто проценти штета претрпеа земјоделците од селата Владиловци, Крнино, Војница и Крајници од силното невреме проследено со ветер и град што се случи пред десетина дена. Земјоделците велат дека сто посто се оштетени повеќе од 30 до 50 хектари лозови насади, поголеми површини под житарица и овошни насади.

sto posto shteta na lozovite nasadi vo vojnica vladilovci krnino i krajnici

 

„Вакво невреме проследено со град кој паѓаше со големина на орев одамна не се памети во овој крај. Штетата е голема и не знам како ќе излеземе на крај бидејќи земјоделието ни е единствен приход за живеење“, рече земјоделец од село Војница.

Сепак жителите на Војница велат дека невремето не ги зафатило земјоделските култури што се наоѓаат под селото до течението на реката Бабуна, каде што има поголеми површини на лозови и овошни насади и градинарски култури.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close