fbpx
ВестиТоп вести

Што работи современиот фармер во февруари?

Иако сеуште е ладно и не може да се влегува во полето, современиот земјоделец има многу обврски пред себе. На кој начин го користи овој период, дознајте во продолжение.

Моментално се наоѓаме во тивок период помеѓу две сезони, есенски работи и почеток на пролетни активности. Иако, сеуште е ладно и не може да се влегува во полето, модерниот земјоделец има многу обврски пред себе. Овој зимски период е идеален за работа во топло. Прочитајте на кој начин, современиот земјоделец го користи овој период од годината.

Го формира буџетот на сопственоста

За успешниот завршеток на претходната сезона, земјоделецот ги зема предвид сите податоци, а со тоа ја формира пресметката за новата сезона. Покрај постојаните производни инпути, како што се семето, ѓубривото, пестицидите, енергенсите, сопственикот во своите пресметки ја вклучува исплатливоста на новите вложувања. Големите инвестиции како купувањето на земјиште, механизација и сл., бараат квалитетна пресметка, како би се овозможило позитивно вложување за унапредување на работата. Многу е тешко да се прогнозираат сите потребни ресурси во следната производна сезона. Пр. Додатна заштита на посевите при неповолно време, замена на непредвидените дефекти и кршења на делови од механизацијата и сл. Пресметката главно се работи на база на минатите сезони. Што повеќе достапни податоци од минатите сезони, тоа и поедноставно составување на буџетот.

Ги проучува пазарните трендови

Кога еднаш ќе ја состави сопствената пресметка, земјоделецот бара земјоделски исплатливи трендови, односно земјоделски поврзани активности. Затоа, ги зема предвид варијациите во цените неколку години наназад, што помага кога одбира колку земјиште со која култура ќе засади.

Споредувањето (анг.Бенчмаркинг) на сопствеништвото, е алатка која земјоделците ја користат со цел подобрување на својата работа со помош на споделување на информации од ист производен сектор. Земјоделецот посетува различни семинари и саеми со цел збогатување на сопствените знаења.

Ја проверува механизацијата

Тивката сезона е најповолно време за замена на дотраените делови на механизацијата. Исто така, иновативните земјоделци го користат овој период за изработка на иновации кои ќе им ја олеснат работата во следната сезона. Земјоделецот знае со кои машини имал проблем, така што им посветува повеќе време.Првите работи во полето, идеално се движат во февруари, така што машините како распрснувачи на минерални ѓубрива се речиси подготвени за работа.

Изработува план за заштита на растенијата

Заштитата на растенијата е една од најважните операции кои ги извршува земјоделецот. На него е големата одговорност, на кој начин и кога да ја изврши потребната заштита на насадите. При се поголемиот притисок од јавноста при употреба на пестицидите, земјоделците се принудени да ги користат современите знаења и технологии. Со изработка на распоредот за заштита на насадите, одгледувачот на растенијата добива повеќекратна корист. Пр.планираната количина на средства кои ги купува во периодот кога цената е помала, планирањето му дава широка слика на активностите кои ќе се извршуваат итн.

Купува земјиште

Во февруари се прави визуелна анализа на земјиштето кое се планира да се купи, односно да се земи под наем. Иако, воглавно нема вегетација, со визуелна анализа на теренот дознава колку земјиштето е водопропустливо, се проверува структурата на земјиштето и текстурата. Покрај наведеното, може да се види дали е присутна ерозија (одведување на минерални и органски материи на тлото со помош на вода и ветер).

Останува позитивен и флексибилен

На крајот на денот, овде се работи за производство под ведро небо. Мајката природа е непредвидлива. Кога земјоделецот ќе изработи прецизен план на основа на податоците од минатите производни години, секогаш мора да биде подготвен на неочекувани ситуации. Земјоделството е една од најубавите дејности која секогаш дава предизвици и поттикнува желба за постојан напредок.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close