fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците стравуваат дека годинава нема да можат да го продадат зеленчукот

ВИДЕО-Земјоделците велат дека се исцрпени финансиски ако се има предвид дека најголем дел од површините беа под зелка, а голем дел од неа остана во нивите.

Неизвесен е пласманот на македонскиот зеленчук и во следната реколта. Трговците велат дека постои договор за коридор на солидарноста помеѓу Турција и Украина, па наместо македонски, во Украина ќе се увезува турски зеленчук по повластени услови. Ова е особено ризично за продажбата на македонските домати и краставици, чијшто најголем купувач досега беше Украина, објави Телма.

Проблеми какви што настанаа со пролетната зелка не се очекуваат, но, сепак можно е да се создадат вишоци на храна во државата. Земјоделците велат дека се исцрпени финансиски ако се има предвид дека најголем дел од површините беа под зелка, а голем дел од неа остана во нивите.

Освен несигурната продажба на зеленчукот, под прашање е и неговото производство за есенскиот и зимскиот период. Цената на репроматеријалите неколкукратно се зголеми последнава година, што македонското производство го прави скапо и неконкурентно.https://telma.com.mk/2022/06/12/zemjodelcite-stravuvaat-deka-godinava-nema-da-mozhat-da-go-prodadat-zelenchukot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close